![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
|
|
За идните лидери! |
Кој е Американскиот Универзитет во Бугарија (АУБГ)?
Американскиот Универзитет во Бугарија (АУБГ) е високобразовна институција основана во 1991, со заедники напори на USAID, Институтот отворено општество OSI и Бугарската влада. Универзитетот е лоциран во Благоевград, град во југо-западна Бугарија. АУБГ е изграден врз основа на класичниот американски „кампус” систем на образование, од областа на тн. слобдни вештини (liberal arts). Студентите на овој универзитет живеат на кампусот во безбедна и непосредна околина во која се одржува наставата, и се во постојан и директен контакт со наставниците, како и со луѓето кои се грижат за школските и вон-школските активности и потребите на студентите.
АУБГ е институција на која студираат повеќе од 1100 студенти од целиот свет (од Таџикистан до Бразил), а наставниот кадар е составен од професори и стучњаци од САД, како и од други земји. Од Македонија на овој универзитет веќе имаат дипломирано 66 студенти. За учебната 2010/11 година администрирањето на уписот на кандидатите за АУБГ од Македонија го врши Американски совети за меѓународно образование во Скопје.
Што можам да студирам на АУБГ:
Наставата на АУБГ се одвива на англиски јазик. На АУБГ студентите може да одберат една или две основни програми (majors), кои може да бидат пропратени со некоја додатна програма (minors). Од основните програми за школската 2010/11 се понудени: Бизнис Администрација, Компјутерска наука и информатика, Европски студии, Економија, Историја и цивилизација, Информацијски системи, Новинарство и медиуми, Политички науки и меѓународни односи.
Процесот на настава се одвива по современи методи и пракси на американските liberal arts универзитети. Покрај предавањата, самосталната работа на студентот на универзитетот и менторството, на АУБГ големо место и почит ужива и забавата и квалитетното поминување на слободното време (работилници организирани според интересите на студентите, спортските и уметничките активности итн.). Во текот на студирањето студентите на АУБГ имаат прилика да стекнат работно искуство во различни компании ширум светот со кои овој универзитет има остварено соработка, а во голем број на случаи студентот добива вработување по завршувањето на студиите, токму во компаниите каде ги вршеле своите пракси. Ако сакате да ги дознаете некои од успешните приказни на поранешните студенти на АУБГ: http://alumni.aubg.bg/
Дали можам јас да аплицирам на некоја од студијските програми на АУБГ?
Ако сте завршиле средно образование или пак во моментов сте во четврта година гимназија или некое стручно училиште по завршувањето на кое ќе бидете во можност да се запишете на некој од факултетите во Македонија, имате право да се пријавите и на некоја од студиските програми на АУБГ. Така, без оглед на тоа што сеуште не сте матурирале, можете да пристапите кон процесот на аплицирање за АУБГ. Многу е важно, по условното примање, да ја доставите вашата средношколска диплома на АУБГ, со што и официјално станувате студент на овој универзитет. За учебната 2010/11 администрирањето на уписот на кандидатите за АУБГ од Македонија го врши Американски совети за меѓународно образование во Скопје.
До кога можам да се пријавам на некоја од студиските програми на АУБГ?
Доколку сакаш да се пријавиш на АУБГ, постојат неколку рокови, во зависност од тоа дали сакаш истовремено да се пријавиш за стипендија или финансиска помош. Доколку сакаш да се пријавиш за полна стипендија на Институтот отворено општество, а истовремено да не плаќаш за полагање на SAT и TOEFL тестовите, рокот за пополнување на on line апликацијата и поднесување на есејот е 1 јануари 2010 година (на сајтот www.aubg.bg), се разбира доколку претходно сте ги поднеле пропратните документи во канцеларијата на Американски совети во Скопје. Доколку својата апликација ја поднесувате во хартиена форма, која претхотно ја превземате од сајтот на АУБГ, рокот за поднесување на оваа пријава и пропратните документи е исто така најдоцна до 15 декември 2009, на адреса на Американски совети за меѓународно образование во Скопје (Американски совети за меѓународно образование, ул: „Карпош” бб, Нова зграда на Машински факултет, Скопје).
АУБГ и Американски совети те охрабруваат до 15 декември 2009 да ги поднесеш пропратните документи на адреса на Американски совети за меѓународно образование во Скопје, а со 1 јануари 2010 година да го поднесеш on line формуларот за пријавување заедно со есејот на зададена тема на сајтот, како и копија од твојот пасош (прва страна), бидејќи со поднесувањето на формуларот и есејот во хартиена форма се плаќаат $25 (американски долари) на сметка на АУБГ. Доколку и покрај ова се одлучиш да поднесеш формулар и есеј во хартиена форма, те молиме да ги уплатиш горенаведените $25 на сметка на АУБГ, а потврдата од плаќањето да ја предадеш со твојата пријава. Сметката на АУБГ можеш да ја најдеш на сајтот на АУБГ (www.aubg.bg).
Ако пропуштиш да се пријавиш на АУБГ до 1 јануари 2010, имаш уште 2 рока за пријавување и неколку можности за добивање на стипендија. Во зависност од времето кога ќе ги поднесеш потребните документи, ќе можеш да конкурираш за полна стипендија, тн. поповолна материјална помош или тн. материјална помош (повеќе информации подолу во текстот).
Од што се состои процесот на пријавување на АУБГ?
За конкурирање на некоја од студиските програми на АУБГ, кандидатите треба: да го пополнат пријавниот формулар, да напишат есеј, да ги поднесат пропратните документи (детали подолу во текстот), да имаат положено SAT тест (или ACT тест) како и положен тест по англиски јазик TOEFL (или IELTS или Cambridge ESOL тест).
Првиот рок за полни стипендии (со бесплатно полагање на TOEFL и SAT тестовите во просториите на Американски совети за меѓународно образование во Скопје):
Кандидатите кои конкурираат за полна стипендија на Институтот отворено општество и сакаат бесплатно да ги полагаат тестовите SAT и TOEFL, треба до 15 декември 2009 да ги испратат пропратните докуенти на адреса на Американски совети за меѓународно образование во Скопје, а до 1 јануари 2010 година да ја поднесат on line апликацијата заедно со есејот на зададена тема (www.aubg.bg) и скенирана копија од пасошот, или до 15 јануари 2009 на адреса на Американски совети за меѓународно образование во Скопје ја праќаат претходно испечатената и пополнета апликација, есејот и потврда за уплатени 25 USD, како и сите останати пропратни документи. Така, без оглед на тоа дали ќе одберете да аплицирате online бесплатно, или со хартиена апликација (што чини 25 долари), до 15 декември 2009, на адреса на Американски совети за меѓународно образование треба да стигнат следниве документи:
Копија од првата страна на пасошот
Свидетелствата стекнати до моментот на аплицирање (може и копија заверена на нотар)
Превод на свидетелствата на англиски јазик од судски преведувач
Три писмени препораки од личности кои го прателе твојот академски развој (формата за писма за препорака се превзема од сајтот на АУБГ)
Доказ за TOEFL и SAT тестовите (ако имате)
Пријава за финансиска помош на кандидатот (се превзема од сајтот на АУБГ) која треба да се испрати најдоцна до 1 март 2010 година во Канцеларијата за прием на студенти на АУБГ (адресата е на сајтот www.aubg.bg)
Така, ако си ја испратил/а апликацијата online бесплатно, заедно со есејот до 1 јануари 2010 година, а претходно сте ги поднеле сите пропратни документи на адреса на Американски совети за меѓународно образование до 15 декември 2009 година, или ако си поднел хартиена апликација, есеј (заедно со потврда за уплата на $25 на сметка на АУБГ), заедно со пропратните документи на адреса на Американски совети за меѓународно образование до 15 декември 2009, тогаш си се кандидирал за стипендија на Институтот отворено општество и си се стекнал со правото бесплатно да полагаш TOEFL тест по англиски јазик и SAT тест. TOEFL се полага во просториите на Американски совети во Скопје на 24 јануари 2010 годна, а SAT тестот се полага на 27 февруари 2010 година, исто така во просториите на Американски совети во Скопје.
Втор рок за полна стипендија (со бесплатно полагање на SAT и самостално полагање на TOEFL тестот):
Ако си го пропуштил/а првиот рок за да конкурираш за стипендија на Институтот отворено општество до 1 јануари 2010 година, можеш да ја пополниш online апликацијата и по 1 јануари 2010 година, и до 20 јануари 2010 година да се регистрираш на www.aubg.bg/freesat, со што се стекнуваш со право бесплатно да го полагаш SAT тестот на 27 февруари 2010 година во просториите на Американски совети во Скопје, но затоа ќе мора сам/а да организираш полагање на TOEFL тестот (или еквивалентен тест на англиски јазик признат од страна на АУБГ). Ако си го положил SAT тестот, и ако резулатите од TOEFL тестот и твојата пропратна документација стигне до 1 април во Канцеларијата за прием на студенти на АУБГ (Admissions Office), стануваш кандидат за полна стипендија на Институтот отворено општество, како и за парцијална стипендија и тн. поволна материјална помош од АУБГ.
Исто така, доколку сам/а си го организираш полагањето на SAT и TOEFL тестовите, а до 1 април ги испратиш апликацијата, есејот и пропратните документи (со доказ за положени SAT и TOEFL тестови) и пријавата за финансиска помош, исто така се кандидираш за полна и парцијална стипендија на Институтот отворено општество или за тн. поволна финансисла помош од АУБГ.
Поволна финансиска помош (со есплатно полагање на SAT и самостално полагање на TOEFL тестот):
Ако си ја пропуштил/а и оваа можност, можеш сам/а да си организираш полагање на TOEFL тестот по англиски јазик, да се регистрираш до 10 март 2010 на www.aubg.bg/freesat за бесплатно полагање на SAT (во Американски совети во Скопје), да поднесеш online апликација и есеј и до 1 април 2010 во АУБГ да ги испратиш пропратните документи (заедно со пријавата за материјална помош и доказ за положен TOEFL тест), со што се кандидираш за тн. поволна материјална помош.
Материјална помош
(со самостојно полагање на SAT и TOEFL тест):
Ако си ја пропуштил и оваа можност, можеш сам/а да си организираш полагање на TOEFL и SAT тестовите (или еквивалентите кои ги признава АУБГ), online да ја пополниш апликацијата и да го испратиш есејот и до 1 јуни 2010 година ги испратиш пропратните документи (со пријава за метеријална помош) со што ќе се кандидираш за материјана помош.
Американски совети за меѓународно образование на 30 јануари и 10 март 2010 година во Скопје ќе организира бесплатна припрема за SAT тестот. Дoколку сакате да дознаете повеќе за TOEFL и SAT, тоа можете да го сторите со едноставно впушување на “TOEFL” и “SAT test” во Google пребарувачот. Доколку самите ги сносите трошоците за полагање на SAT и TOEFL тестовите, информации околу регистрацијата и полагањето можете да најдете на www.toefl.org и www.collegeboard.com (за SAT). За дополнителни информации околу TOEFL и SAT тестовите контактирајте ги Американското катче (American Corner Skopje, бул: Партизански Одреди 22, Гратска библиотека „Браќа Миладиновци”; acskopje@yahoo.com) и меѓународното училиште „Нова” (www.nova.edu.mk) во Скопје. Исто така, наместо TOEFL тестот по англиски јазик можете да го полагате IELTS тестот во просториите на Британски совет во Скопје (www.britishcouncil.org), а наместо SAT тестот, можете сами да си организирате полагање на ACT тестот (www.act.org/aap).
Доколку имате прашања пишете ни на: aleksandra@americancouncilssee.org или јавете ни се на +389 2 3099 474.
Со почит,
American Councils for International Education,
ул: Карпош бб, Нова зграда на Машински факултет, Скопје
www.ac-see.org