YOUTH EXCHANGE AND STUDY

Што е YES?
Што ќе постигнат учениците на размена?
Што обезбедува стипендијата?
Што НЕ обезбедува стипендијата?
Кој плаќа за програмата?
Кои се квалификувани да аплицираат за оваа стипендија за 2013-2014?
Кој НЕ е квалификуван за оваа стипендија?
Ученици со посебни потреби (инвалидитет)
Како се селектирани учениците?
Што се случува по известувањето?
Кога и како можам да аплицрам?
Кои се моите придобивки од искуството од размената?
Кои се некои од можните загуби?
Кој ја организира програмата?
Каде може да добијам повеке информации?

Што е YES?

Програма за младинска размена и образување, официјално воспоставена во октомври 2002 година, спонзорирана од ECA а со цел да обезбеди стпендија за средношколци (15-17 години) кои ке поминат една академска гоина во Америка (USA). Програмата е витална за ширење комуникација помеѓу луѓето од Америка (USA) и партнер земјите кои имаат интерес за взаемна промоција, разбирање и почитување. Средошколците ќе живеат во дом-семејство, ќе посетуваат средно училиште, ќе учествуваат во активности за подобро да го запознаат американското општество и неговите вредности, ќе добијат менаџерски способности и ќе им помогнат на американците во едукација за својата земја и ширење на својата култура.

Целите на оваа програма се:

  • Да промовира подобро разбирање помеѓу младите од селектираните YES земји и американското општество, лугето, институциите, вредностите и културата;
  • Гаење на долготрајни лични контакти;
  • Врзување на учесниците на размена во активности кои промовираат заедничко разбирање, почитување на различностите, менаџерски способности и разбирање на граѓанското општество во текот на нивната размена во Америка (USA);
  • Подигнување на американската совест за разбирање на студентите на размена како и нивната земја и култура;
  • Растење на капацитетот на организациите во организации кои учествуваат во поврзувањето на младите, во активности кои разменуваат взаемно разбирање, почитување на различностите, менаџерски способности и разбирање на граѓанското општество преку алумни активност

Со овие цели, оваа програма обезбедува стипендија за средно образование од YES земјите, со престој на една академска година во Америка, живеење во Американски дом-фамилии и посетување на средно училиште.
Програмските активности, ги воведуваат учениците, во принципите на граганското образование, граганското општество, прописите на законите, услугите на заедницата и младите менаџери што се пракса во Америка.
Симултано учениците од Америка учат за нивните соученици кои се дојдени од YES земјите. По нивното враќање учениците ги применуваат менаџерските способности во нивните земји. Понатаму дополнително алумни групите ќе формираат и ке бидат вклучени во многу услуги на заедницата, како активности вклучувајки :советник-водич на младите ученици , предавање англиски јазик и многу повеќе.

Програмата е финансирана од владата на Америка (USA).


Што ќе постигнат учениците на размена?

Концептот на програмата за размена е потикнат од желбата од една нација и нејзините луге, за изградба на мостови за разбирање. Во многу земји движењето на младите со размена стана многу познато и општо прифатено од крајот на втората светска војна. Тоа што ги прави младите на размена успешни, е едиснтвениот начин на кој младите ученици учат за другите земји и култури а тоа е: живеејќи како член во дом-фамилија (не како гостин). Резултатот со текот на годините ја подигна глобално свеста за позитивното влијание на размената на ученици и тоа не само свеста на ниво на нации туку на илјадници животи, учесници, луѓе од околината, ученици, заедници и родители. Многу од денешниот свет, денешните нации и локални лидери учествувале во програма за размена од прва рака и го почуствувале позитивниот ефект од програмата за размена во нивните животи.


Што обезбедува стипендијата?

Стипендијата го обезбедува следното:

  • Патни трошоци за интернационалниот транспорт (повратен билет од дома до Америка);
  • Месечен паричен надоместок за помош на студентите да учестуваат во друштвени активности и да купат некои неопходни лични набавки;
  • Сместување во одбрани Американски дом-фамилии во период од една година;
  • Запишување во Американско - средно училиште
  • Програма за ориентациона активност вкулчувајки: подготовка пред програмата како и подготовка во текот на програмата;
  • Програмски активности уредени од локаните американски заедници
  • Подршка на алумните и имплементирање на нивните програми во нивните домашни заедници;
  • Медицниско осигурување.

Што НЕ обезбедува стипендијата?

Стипендијата НЕ ги покрива следните трошоци:

  • Трошоци за издавање на пасош;
  • Личните трошоци кои не се покриени со месечната стипендија;
  • Пркумерен багаж;
  • Телефонски разговори од Америка кон дома или е-маил сметка
Кој плаќа за програмата?

Стипендијата е целосно финансирана од владата на Америка а администрирана од BUREAU of Educational and Cultural Affairs (ECA) of the US Department of State. ECA гаи меѓусебно разбирање помегу Америка и другите земји низ интернационални образовни и тренинг програми со промовирање лични, професионални и институционални врски помегу граѓаните и организациите во Америка и надвор, како и презентирање на Американската историја, општеството, уметноста и културата во сите различности на прекуморската публика. Програмата е подржана на локално ниво од Американски граѓани и локалните средни училишта кои волонтираат, образуваат и ги подржуваат учениците со не финанска помош.


Кои се квалификувани да аплицираат за оваа стипендија за 2013-2014?

Подржано од Американската влада -спонзорирано од иницијативата посветена на демократските реформи, соработката на млади ученици на размена, стипендијата базирана на заслуга и отворена , без трошоци, ги подржува да аплицираат оние кои ги исполнуваат следниве услови:

Квалификуваните кандидати мораат да:

  • Да бидат запишани во прва или втора година средно училиште;
  • Да ги исполнуваат условите за Ј-1 виза/ SEVIS услови за години на учениците од средно образование;
  • родени помеѓу 1 јануари 1996 и 15 јули 1998
  • Ученици со инвалидитет родени меѓу 15 март 1995 и 15 јули 1998 и кои сеуште не матурирале во средно училиште, се во можност да аплицираат за YES програмата
  • Да бидат многу доби или одлични ученици;
  • Да имале претходно часови по англиски јазик (кандидатите мораат да го покажат своето познавање на англиски јазик за време на регистацијата);
  • Да ги исполнуваат условите за виза;
  • Да бидат државјани на YES земјата од која што аплицираат (Р. Македонија)
Кој НЕ е квалификуван за оваа стипендија?

Учениците НЕ се квалификувани да аплицираат ако:

  • Тој/Таа не ги исполнуваат горе наведените критериуми;
  • Тој/Таа прејстојувале во Америка 3 месеци или подолго во последните 5 години
  • Неговото/Нејзиното семејство:
  • аплицирале или аплицираат за иселеничка виза за Америка
  • планирале да емигрираат или веќе емигрирале во Америка

Ученици со посебни потреби (инвалидитет)

Програмата ги подржува и учениците со посебни потреби и ги охрабрува да учествуваат. ECA работи со Mobility International (MIUSA) да им овозможи на учениците со посебни потреби градење на менаџерски способности преку работилници и соодветни информации како и подршка како потреба за разубавување на годината помината во Америка.


Како се селектирани учениците?

Независнси професонални американски соработици во образованието и инернационалните односи во Америка ќе ги селектираат финалистите и замените на финалистите. Селекцијата ке биде базирана според заслуга евидентирана во деталната апликација, препорака од професорите и покажаната спремност за една година помината на размена во Америка. Од учениците исто така ќе биде барано да покажат медицинска состојба и ќе треба да бидат назначени како медицински способни да заземат дел од оваа стипендија.

Процесот на селекција ке биде комплетиран на пролет и сите апликанти ке добијат известување за статусот до средината на Мај. Познавањето на Англискиот јазик е важен но не и пресуден елемент во селекцијата.

Што се случува по известувањето?

По известувањето, финалистите, замените и нивните родители ќе добијат материјали за ориентација за подготовка за заминување. Тие мораат официјално да го известат Америцан Цоунцилс дека ја прифаќаат стипендијата и да ги приложат сите останати побарани документи. Учениците мора да започнат со процесот на вадење пасош и виза веднаш по добивањето на програмата.

Од Мај до Август, Американски Совети и партнер организациите ќе ги спојуваат финалистите со квалификувани дом-фамилии и ќе организираат запишување во средно училиште. Во Јуни и Јули, оние кои ќе ја добијат стипендијата ке учествуваат во пред - програмска ориентација во нивната земја. Учениците потоа ќе патуваат до нивните американски дом-фамилии и заедници за да започнат со програмата за размена во Август.

Уцениците мора да се вратат во своите земји на крајот на програмата на датумот назначен од Американски Совети за Мегународно Образование. Визата издадена за учесниците на програмата неможе да се корегира или продолжува во ниеден случај.


Кога и како можам да аплицрам?

Преставниците на Американски Совети за Мегународно Образование ќе посетат повеќе градови за да спроведат тестирање до есен. Апликантите на тестирањата со себе мора да носат документ за квалификација како доказ (извод од матична книга на родените) и една фотографија 3х4 см, за време на регистацијата на кандидати. Локациите за тестирање ќе бидат објавени најбрзо што може преку огласи во дневните веснци и на радио, но исто така информација може да се добие на интернет на www.americancouncilssee.org или www.americancouncils.org.Апликантите може да учествуваат само во ЕДЕН центар за тестирање (само на едно тестирање) во текот на есента.

Сите учесници ќе бидат тестирани со краток тест на англиски јазик (етапа 1-ва). Оние кои успешно ќе го завршат првиот тест ќе бидат тестирани со подолг тест на познавање на англискиот јазик и ќе треба да напишат состав на анлиски јазик (етапа 2-ра – што најчесто се случува денот после првата етапа). Кандидатите мора успешно да ги поминат првите две етапи од конкурсот пред да ги добијат конечните документи за конкурирање и да бидат интервјуирани (краток разговор со кандидатите). По успешното завршување на етапите еден и два познавањето на англискиот јазик повеке не е пресуден за понатамошната селекција.


Кои се моите придобивки од искуството од размената?

Програмата за размена на млади (YES) им нуди на учениците можност да научат за луѓето и културата на Америка, и исто така да ги научат другите за лугето и културата за својата земја.
Учениците ќе се здобијат со почит и ќе развијат чуствителност за останатите култури, ќе се соочат со лично “растење” и независност и ке бидат подобро подготвени за светот во кој се повеке расте независноста. Учениците градат силни врски со американските дом-фамилии и со американската заедница кои најчесто траат вечно. Учесниците исто така ќе ги изградат и личните вештини како и разбирањето за граѓанското општество и ќе ги развијат менаџерските вештини, кои ќе им помогнат за решавање проблеми и ќе се свртат кон решавање на спесифичните теми во своите домашни заедници.

Кои се некои од можните загуби?

Учениците заинтересирани за оваа програма мораат да ги земат во предвид можните негативни ефекти од оваа програма:

  • Можно е да не стигнат навреме во својата земја за процесот на плагање на предметите;
  • Можно е да треба повторно да ја повторат годината во учулиште;
  • Иако учениците посетуваат една година средно американско училиште, наставната програма не е иста како во својата земја и може да не се изучуваат истите предмети.

Кој ја организира програмата?

Регрутацијата, селекцијата, ориентацијата, аранжманите за патувањата и алумни активностите за програмата се организирани од Американските Совети за Мегународно Образование, не профитабилна озрганизација- лидер во развојот и размената на знаење помеѓу Америка и Источна Европа, Еуроазија и на Балканот. Мисијата на Американски Совети за Мегународно Образование е да гаи независно и демогратско развивање со напредок и истражување во образованието, развивање на менаџерството и зајакнување на индивидуите и институциите преку образување. Во изминантите 30 години Американски Совети прерасна во примарна образовна организација, работејки во регионот. Администрирајќи повеќе од 30 програми на размена вклучувајќи неколку американски владини програми за средно образование, универзитетски програми како и програми за дипломирани, наставници и професори.

Други приватни не профитабилни организации од Америка, како World Link, PAX и ASPECT исто така ја подржуваат програмата за размена на млади – YES. Владата на Америка побара од овие организации да бидат стројници во спојувањето со американските дом-фамилиии и да организираат локални активности во текот на годината додека трае програмата.


Каде може да добијам повеке информации?

Од web страната www.americancouncilssee.org и www.americancouncils.org

и исто така во канцеларијата на Американски Совети за Меѓународно Образование:

Ул. Карпош 2 бб
Нова Зграда на Машински Факултет
3-ти спрат 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел. + 38970 755 083
skopje@americancouncilssee.org